понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 24
home Останати спортови

Арнолд Шварценегер откри која е неговата омилена вежба

Арнолд Шварценегер откри која е неговата омилена вежба

Легендарниот актер Арнолд Шварценегер во видео објавено на социјалните мрежи ја откри омилената вежба за грб.

„Тоа се вежби кои навистина ги ојачуваат средниот и долниот дел на грбот“, објасни Ебенезер Самуел за Men’s Health.

Меѓутоа, доколку сте заинтересирани за самостојна изведба на овој потег најдобро е да не го направите обликот кој Шварценегер го покажува во видеото бидејќи неговата техника малку повеќе се ослонува на долниот дел на телото, советува Самуел.

„Отсекогаш сум верувал дека треба да имате визија како да бидете мотивирани и напорно да работите“, вели актерот.

Визијата на Арнолд е родена во раното детство, кога за првпат ги видел светските шампиони во тешка категорија.

„Кога денес одам во теретана ниту едно момче не учи дигање шипка над глава, сите користат справи. Многу бодибилдери имаат проблеми со долниот дел на грбот во текот на изведувањето вежби. Мора да го опуштите телото и да дозволите долниот дел на грбот да го задржи оптоварувањето на нозете кога изведувате вежби. Така ќе добиете соодветна сила и ќе развиете широк грб“, советува 73-годишниот Шварценегер.

 

View this post on Instagram

 

Old, but not obsolete. T-bar rows are one of my favorite exercises. Here’s some Monday motivation!

A post shared by Arnold Schwarzenegger (@schwarzenegger) on

Коронавирус