сабота, 15. декември 2018. Вести денес: 71
home Останати спортови

Антонио Ристевски не ја заврши трката во велеслалом

Антонио Ристевски не ја заврши трката во велеслалом

Македонскиот репрезентативец Антонио Ристевски имаше неуспешен настап на велеслаломската трка на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Нашиот скијач не успеа да ја заврши патеката, останувајќи без пласман на ова натпреварување.

Ристевски  по првото мерно време имаше време од 17,94 секунди, што беше заостанување од 1,24 секунди од тогаш водечкиот скијач, меѓутоа нашиот скијач излета од патеката и не успеа да стигне до целта.

Ристевски е најискусен од нашите тројца олимпијци во Пјонгчанг, а пред четири години во Сочи заврши на 29. место во оваа дисциплина.