четврток, 15. ноември 2018. Вести денес: 103
home Останати спортови

АМС ќе му додели 100 илјади денари и стипендија на Марко Пејчиновски

АМС ќе му додели 100 илјади денари и стипендија на Марко Пејчиновски

На иницијатива на директорот Дарко Каевски, Агенцијата за млади и спорт донесе одлука да му додели на Марко Пејчиновски еднократна парична награда во висина од 100.000 и стипендија „Спортска надеж“.

– За подвигот што го направи Марко Пејчиновски кој на 12 години го преплива Охридското Езеро, како директор на АМС побарав од Советот да му се додели еднократна парична помош од 100 илјдаи денари и секако да биде вметнат во стипендиите „Спортска надеж“ за што имаме дискреционо право дополнително да предложиме. Марко јасно ни покажува за каков талент се работи и какви резултати може да очекуваме од него во иднина доколку се работи правилно на неговиот раст и развој,  изјави Каевски за МИА.

Тој соопшти дека АМС се обврза да направи стручен тим кој што ќе направи програма за развој и подобрување на спортските услови за Пејчиновски во иднина да прерасне во успешен спортист.