понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 80
home Останати спортови

АМС ги награди Начевски и Николов со државна пензија

АМС ги награди Начевски и Николов со државна пензија

Најдобрите македонски ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска беа примени од Агенцијата за млади и спорт, односно првиот човек Наумче Мојсоски.

Начевски и Николов со години се при ракометниот врв, судат многу важни натпревари, а оваа година беа најдобри на Олимписките Игри во Токио каде ја добија честа да го судат и големото финале меѓу Франција и Данска.

Директорот Мојсоски со пригодни зборови им се заблагодари за се она Ѓорѓи и Славе го прават за нашиот ракомет во изминативе години

Голема чест и задоволство ми претставуваа што наши гости се луѓето кои претставуваат величини во македонскиот и светски ракомет. Одлуката да ја делите правдата во финалниот натпревар на најголемиот спортски настан е доволен показател за квалитетот и реномето кое го имате стекнато во светската ракометна судиска фела, -истакна Мојсоски кој најави измени на законот за „спортската пензија“ со цел и судиите да можат да ја добијат истата.

Нашите судии воедно добија плакети во знак на благодарност за сите досегашни остварувања во областа на ракометот.

Коронавирус