понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 100
home Останати спортови

Американски боксер почина четири дена откако беше нокаутиран во рингот

Американски боксер почина четири дена откако беше нокаутиран во рингот

Боксерот Партик Деј (27) почина четири дена по нокаутот од Чарлес Конвел во десетата рунда на професионалната борба.

По нокаутот мечот беше прекинат, Деј беше во исклучително критична состојба по поразот од Чарлес Конвел во Чикаго и по четири дена почина како последица на повредата.

Деј е поранешен шампион на “Golden Gloves”, беше знаменосец на Америка на Олимписките игри во 2012 година. До поразот од Конвел имаше резултат од 17 победи, 4 нерешени и само еден пораз.

извор: dribling.mk