четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 87
home Останати спортови

Алонсо не беше опција за 2019 година, тврди Верстапен

Алонсо не беше опција за 2019 година, тврди Верстапен

Макс Верстапен ги отфрли тврдењата дека Ред Бул сакале да го ангажираат Фернандо Алонсо во 2019 година. Шпанецот, кој се повлекува од Формула 1 на крајот на годината, изјави неодамна дека тимот го поканил вкупно шест пати, вклучително и двапати во во 2018 година. Кристијан Хорнер и Хелмут Марко одговорија дека Алонсо бил поканет само еднаш – во 2007 година.

– Алонсо не беше опција за 2019-та. Тоа е нешто што го знам. Јас мислам дека можам многу подобро да се разберам со Пјер Гасли, и сметам дека Ред Бул размислиле за тоа. Па така јас сум задоволен, изјави Холанѓанецот. Пјер Гасли беше избран наместо Карлос Сајнц да соработува со Верстапен во 2019-та, откако Даниел Рикардо изненадувачки потпиша со Рено.

Алонсо од своја страна, би требало да се натпреварува во Индикар догодина, но може да му попречи договорот со Тојота во Светската серија на издржливост, како и критиките, упатени претходно кон Хонда. Во оваа година половина од автомобилите користеа мотори на јапонската компанија, која може да ја искомплицира желбата на Мекларен да го пласираат Фернандо во овој шампионат.

Постојат гласини и дека Алонсо може да влезе во НАСКАР, што ќе ја одложи барем за уште една година неговата желба да се бори за „тројниот слем“.

МИА

Коронавирус