Останати спортови Тенис

Алкараз ја започна сезоната со 15 победи по ред

Алкараз ја продолжи својата серија без пораз на 15 натпревари на почетокот од сезоната 2026. Тој освои титули на Австралија опен и во Доха, а сега стигна до четвртфиналето на Индијан Велс по петти пат по ред.

Алкараз ја започна сезоната со 15 победи по ред

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз стигна до четвртфиналето во Индијан Велс. Тој ноќеска го победи Каспер Руд во четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс со 6:1 и 7:6(2).

Алкараз ја продолжи својата серија без пораз на 15 натпревари на почетокот од сезоната 2026. Тој освои титули на Австралија опен и во Доха, а сега стигна до четвртфиналето на Индијан Велс по петти пат по ред.

Дваесет и двегодишниот Шпанец стигна до своето 19. четвртфинале на Мастерсот.

Следно, ќе се соочи со Камерон Нори, со кого води со 5:3 во меѓусебните натпревари.  (МИА)

To top