вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 165
home Останати спортови

АЛКАЛОИД со максимална победа во петтото коло на Европскиот Клупски Куп 2019

АЛКАЛОИД со максимална победа во петтото коло на Европскиот Клупски Куп 2019

Алкалоид со максимален резултат 6:0 ја совлада екипата од Швајцарија „Zurich Schachgesellschаft“.

Во овој меч шахистите на Алкалоид покажаа најсигурна игра до сега и на ниедна табла не им дозволија на противниците да одземат некој поен.

Мамедјаров повторно демонстрираше висока класа и ја искористи малку пасивната игра на својот противник за да освои цел поен.

Андреикин успеа да ја прекине серијата реми, овој пат не ја испушти остварената предност, а со тоа и цел поен. Најбрзите победи во мечот ги постигнаа Шанкланд и Криворучко.

Ковалев ја оствари четвртата победа на турнирот, и на крајот Инаркиев го оформи конечниот резултат во мечот 6:0.

После петото коло, во водство е екипата “Obiettivo Risarcimento” Падова, Италија со максимални 10 меч бодови. Ја следат “Medny Vsadnik” Петербург Русија и “Sk Joly Lysa nad Labem” од Чешка со по еден бод помалку. Алкалоид моментално е на делба на четвртото до 10 место со 8 бода.

Во шестото коло, ШК Алкалоид за противник го има првакот на Чешка “Sk Joly Lysa nad Labem”, а “Obiettivo Risarcimento” игра против “Medny Vsadnik”.