вторник, 23. јули 2019. Вести денес: 0
home Останати спортови

Алили: Мојот сон е да освојам медал на Олимписки игри

Алили: Мојот сон е да освојам медал на Олимписки игри

Македонскиот борач, Бесар Алили, кој пред неколку дена стана европски шампион во слободен стил во категорија до 48 килограми, пред неколку илјади граѓани на плоштадот „Скендербег“ во Скопје изјави дека неговиот сон е да освои златен медал на Олимписки игри.

– Господ многу ми помогна да се вратам во игра и да победам во финалето. Имав доверба дека ќе победам и ова не е ништо, сега мојот сон е настап на Олимписки игри и таму да освојам медал“, изјави Алили.

Инаку, ова е прв затен медал за Македонија на Европско кадетско првенство. Алили медалот го освои во драматична борба откако губеше со 0-5, за на крај да направи пресврт со 7-6.

На патот до финалето тој ги совлада Оскар Кулчицки од Полска, Андреј Витан од Молдавија и Лука Гугешашвили од Грузија.

Македонските борачи на кадетските првенства имаат освоено 8 медали. Покрај златната на Алили, има и три сребрени и четири бронзени.

На Бесир Алили, кој е член на БК Лирија, му се предвидува блескава иднина и се очекува тој во иднина да нападне и злато во сениорска конкуренција.