среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ален Прост: Оваа година Верстапен и Леклер ќе му станат главни ривали на Хамилтон

Ален Прост: Оваа година Верстапен и Леклер ќе му станат главни ривали на Хамилтон

Четирикратниот шампион во Формула 1 и советник на Рено, Ален Прост очекува Макс Верстапен и Шерл Леклер да бидат главни конкуренти на пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон во борбата за титулата во новата сезона.

– Во моментов најдобар е Хамилтон. Тој има огромно искуство и силен тим. Но, Макс Верстапен и Чарлс Леклар имаат одлични изгледи. Тие ќе бидат најопасните ривали на Луис. Верстапен треба да биде малку помирен. Во одреден момент, му недостасува самоконтрола. Ако се справи со ова и добие добар автомобил, тешко ќе биде победен, изјави Прост.

Советникот на Рено, исто така, ја коментираше одлуката на тимот да ја одложи промоцијата на новата машина.

– Обично го покажуваме болидот, но сега решивме да не го сториме тоа. Ќе почекаме уште неколку дена и ќе го претставиме автомобилот.