вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 19
home Останати спортови

Александар Зверев ноќна мора за Рафаел Надал

Александар Зверев ноќна мора за Рафаел Надал

Александар Зверев стана првиот Германец кој го победил Рафаел Надал на земја, откако го изненади фаворитот и го совлада со 2-0 по сетови 6-4, 6-4) на АТП турнирот во Мадрид

Рафаел Надал добро го почна мечот и имаше водство од 2-4, но Александар Зверев одговори на најдобар можен начин, ги освои следните четири гејма и го доби првиот сет со 6-4.

Во вториот сет имаше изедначена борба, клучниот момент се случи во петтиот гејм кога Александар Зверев направи брејк и го чуваше водството до крај за 6-4.

„Ова дефинитивно е една од најголемите победи во мојата кариера. Да се победи Рафа на земја, тоа е најтешкото нешто во тенисот. Тоа што го победив дома, во Шпанија, е неверојатно“ – рече Александар Зверев по крајот на мечот.

ЕУРО 2020

Македонија