Останати спортови радост пред домашната публика

Александар Зверев го освои турнирот во Минхен

Александар Зверев го освои турнирот во Минхен

Најдобриот германски тенисер Александар Зверев ја освои титулата на турнирот во Минхен. Во финалето го совлада американскиот тенисер Бен Шелтон и на крајот извојува победа со 2-0 во сетови (6-2, 6-4) за само 72 минути борба.

Мечот започна со брејк кој Зверев го направи во првиот гем и тоа беше показател во кој правец ќе се одвива ова финале. Германецот сервираше одлично, со 83% успешност на првиот сервис, па Шелтон никогаш немаше шанса да го врати брејкот.

Вториот сет започна на ист начин, Зверев повторно направи брејк во првиот гем и потоа без поголеми проблеми ја одржуваше предноста до крајот на мечот, недозволувајќи му на ривалот сериозно да му се закани.

Зверев моментално се проби на второто место на АТП-листата со 8.085 бодови.

To top