сабота, 30. јули 2022. Вести денес: 51
home Останати спортови

Александар Зверев го освои Мастерсот во Мадрид

Александар Зверев го освои Мастерсот во Мадрид

Германскиот тенисер Александар Зверев триумфира на мастерс-турнирот во Мадрид, Шпанија. Во мечот за титула Германецот го совлада Матео Беретини, со 2-1 во сетови (6-7, 6-4, 6-3).

Првиот сет Зверев го загуби по повеќе од еден час игра. Одлучи тај-брејкот, кој му припадна на италијанскиот колега со 8-10.

Во вториот сет, доволен беше еден брејк за 6-4, а потоа и сигурен сервис за изедначување на 1-1, додека во третиот, решавачки сет, брејковите за 3-2 и 6-3 го дадоа победникот. На мастерсот во Мадрид ова беше втора титула за Александар Зверев.

Коронавирус