среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Останати спортови

Адријана Поп Арсова на маратонот во Ајнтховен го собори македонскиот рекорд

Адријана Поп Арсова на маратонот во Ајнтховен го собори македонскиот рекорд

Адријана Поп Арсова, членка на АК Делта, оваа година изненади со својот настап на Виз Ер Скопски маратон и на 28 години таа продолжува со нејзиното темпо. Поп Арсова во неделата на маратонот во Ајнтховен, Холандија, постави нов македонски рекорд со резултат од 3:00:44 часа.

– Немав некои потешкотии во текот на трката, освен тоа што првите 21км ги поминав пребрзо и имав мала криза на 25км, и искрено мислам дека крајниот резултат ќе беше подобар тоа да не се случеше. Но, тоа е искуство плус за мене за следниот маратон, задоволна сум и со ова остварување во овој момент. Маратонот е мојата омилена дисциплина баш заради тежината и неизвесноста која ја носи. Сега во следниот период малку ќе одморам, па потоа ќе планирам кој ќе биде мојот следен маратон на кој ќе се обидам и да се симнам под границата од 3 часа, истакна Поп Арсова.

Претходниот рекорд во Македонија беше поставен од Адријана во мај. Километрите по улиците на Скопје ги истрча со време од 3:05:04 и со тоа го освои бронзениот медал во женска конкуренција.

Поп Арсова го држи и македонскиот рекорд во полумаратон и рекордот на 10КМ, кој неодамна го постави на Скопје Трча 10КМ.

Коронавирус