четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 159
home Останати спортови

80 проценти од Јапонците се против одржување на Олимписките игри ова лето

80 проценти од Јапонците се против одржување на Олимписките игри ова лето

Околу 80 проценти од Јапонците во анкетата спроведена од националната новинска агенција Кјодо изјавија дека Олимписките игри во Токио треба да бидат откажани или одложени.

Анкетирани се 715 домаќинства со право на глас со употреба на метод на случајно земање примероци. Нешто повеќе од една третина (35,3 %) рекле дека Олимписките игри треба да бидат целосно откажани, додека 44,8 проценти изјавиле дека игрите треба да се одложат уште еднаш.

Слична анкета беше спроведена и во декември, кога околу 63 проценти од луѓето изјавија дека не сакаат Олимписките игри да се одржат во Токио ова лето. Може да се каже дека главниот виновник за понатамошниот раст е зголемениот процент на заразени во Јапонија. Земјата досега има регистрирано вкупно 280.775 случаи, а околу 3.996 лица починале како резултат на инфекцијата.

Коронавирус