недела, 20. мај 2018. Вести денес: 23
home Останати спортови

50 години традиција, успеси и гордост: Карате клубот „Ѓорче Петров“ прослави половина век постоење

Карате клубот „Ѓорче Петров”, некогашен „Мирче Ацев” гордо сведочи за традиција и успеси. На настанот беа доделени признанија, благодарници и плакети.
50 години традиција, успеси и гордост: Карате клубот „Ѓорче Петров“ прослави половина век постоење

Општина Ѓорче Петров заедно со карате клубот „Ѓорче Петров” вчера организираше настан по повод 50 години карате во општината.

Присустните имаа можност да се потсетат на историјата и хронологијата на успеси. Карате клубот „Мирче Ацев” е прв регистриран клуб со издадена прва книшка на натпреварувач од страна на Македонската карате федерација. Димче Јанковски е прв регистриран каратист во Република Македонија.

По првиот регистриран клуб во општина Ѓорче Петров, пред половина век, каратето се шири низ други градови во Македонија.

Карате клубот „Ѓорче Петров”, некогашен „Мирче Ацев” гордо сведочи за традиција и успеси. На настанот беа доделени признанија, благодарници и плакети.

Тренерот Зоран Најдановски ја искажа својата гордост кон сето она што е постигнато.

-Им благодарам на сите кои дадоа своја придонес и заложба во развојот на карате спортот во Ѓорче Петров, славиме јубилеј од 50 години. Јас сум горд на сето тоа, горд сум, што го спомнуваме карате клубот „Мирче Ацев“ како прв регистриран клуб и прва книшка под број 1. Се надевам дека овој спорт, карате спортот во општина Ѓорче Петров уште многу години ќе опстојува и ќе бележи видни резултати, рече тој.

На свеченоста присуствуваа градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и екс-градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.

Директорот на Спортското радио, Тони Митев, во својот говор зборуваше за успесите постигнати низ годините, за традицијата која е најголема значајност за овој клуб. Децата, младите каратисти, слушнаа за тежината која овој клуб ја носи со себе и ветија дека успесите ќе продолжат и во новите генерации.