сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 0
home Спорт

Мура е противникот на Шкендија во квалификациите од ЛШ

Мура е противникот на Шкендија во квалификациите од ЛШ

Словенечкиот фудбалски шампион Мура ќе биде противник на Шкендија во првото квалификациско коло од Лигата на Шампионите, беше одлучено со денешната ждрепка што се одржа во Нион.

Од четирите потенцијални ривали македонскиот тим го доби актуелниот шампион на Словенија, кој сигурно ќе биде незгоден ривал за „црвено-црните“.

Мура мина две пречки во ланскиот настап во квалификациите за Лигата на Европа, елиминирајќи ги Номе Калју од Естонија и Архус од Данска пред да загуби од ПСВ Ајндховен со вкупен резултат 1-5.

фото: gol.mk

Коронавирус