Шпанскиот тим Уникаха Малага втора година по ред е најдобра екипата во Лигата на шампионите на ФИБА и тоа откако успеа да триумфира на завршниот турнир во Атина.
Уникаха во полуфиналето го надигра АЕК, а во денешното финале го доби составот на Галатасарај со 83:67 и со тоа стана врв тим во ова натпреварување кој го одбранил трофејот по Сан Пабло Бургос.
Клубот од Малага беше подобар во три од четирите четвртини, односно не го доби само вториот период кој заврши без победник 18:18. Лидер беше Тајсон Картер со 14 поени, 3 скока и 5 асистенции, играч кој воедно го понесе признанието МВП на турнирот.
Пери и Перез додадоа по 13 кошеви, додека кај поразените Валас и Камингс уфрлија по 14 поени.
Третото место на фајналфорот го освои АЕК кој во малото финале го доби Тенерифе со 77:73.