Кошарка парите проблем?

Ти-Џеј Шортс одбил трансфер во НБА?

Ти-Џеј Шортс одбил трансфер во НБА?

Веќе извесен период се шпекулира дека македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс добил понуда да се приклучи на Мемфис Гризлис следната сезона, каде што би го чекал неговиот поранешен тренер Томас Исало.

Сепак, Американецот со македонски пасош нема да го видиме во најсилната лига во светот. Причината за ова се, секако, парите. Најверојатно Шортс би добил минимален договор во НБА, а во Европа е многу побаран ресурс и сигурно би бил платен многу повеќе.

Пред неколку седмици се шпекулираше дека Шортс добил понуда и од Барселона, но наводно, таа експресно ја одбил, иако таа „тежела“ 2.5 милиони евра.

To top