Кошарка работнички испушти предност

ТФТ Скопје поведе со 2:0 во полуфиналето

ТФТ Скопје поведе со 2:0 во полуфиналето

КК Работнички започна импресивно во вториот меч од полуфиналето на плеј-офот и дојде до „плус 14“ при водство од 19:5, па иако во прв момент се доби впечаток дека ќе гледаме израмнување во серијата, така не мислеа избраниците на Боро Смилковски.

ТФТ брзо се разбуди и успеа да изреагира уште до крајот на полувремето, а потоа одигра неверојатно во третата и четвртата четвртина за сигурна победа од 71:59 и предност од 2:0 во полуфиналната серија.

Тимот од Тафталиџе никогаш нема играно во финалето во македонското првенство и сега се наоѓа на само еден чекор од такво нешто, па избраниците на Смилковски ќе имаат дури три шанси за историја.

Ташовски со 20 и Говенс со 13 поени беа најефикасни во победничкиот табор, додека во Работнички Стојан Ѓуроски запишна 18 поени, осум повеќе од Робев.

To top