Почина 15-годишниот кошаркар од Белград, Стефан Стаменковиќ.
Младиот талент беше член на кошаркарскиот клуб Радивој Кораќ.
Клубот со голема тага ја соопшти веста за неговото заминување.
„Со огромна болка ве известуваме дека утрово, на својот роденден, нѐ напушти нашиот играч, другар, пријател и брат Стефке. Сите моменти поминати со тебе ќе ги чуваме во нашите срца засекогаш“, се вели во соопштението на клубот.
View this post on Instagram
Починал на Универзитетската детска клиника „Тиршова“ откако минатата среда беше тешко повреден во сообраќајна несреќа, најверојатно додека трчал преку патот Зрењанин.
Наводно, несреќното момче цело време по ударот било во кома и лекарите се бореле за неговиот живот.