Италија донесе нов закон кој го третира насилството врз фудбалските судии како напад врз службени лица, како што се полицајците, објави Ројтерс.
Отсега па натаму, агресивното однесување кон судиите – вклучувајќи туркање, удирање или заканување – ќе биде построго казнувано, со можни затворски казни.
Ова го објави министерот за спорт Андреа Абоди откако владата го усвои декретот. Законот не се однесува само на судиите, туку и на сите службени лица одговорни за спроведување на правилата за време на спортски настани.
Мерката е одговор на зголемениот број напади врз судиите, особено во фудбалот.