Кошарка

Сити Парк Бојс им испратија порака на играчите на Работнички

Сити Парк Бојс им испратија порака на играчите на Работнички

Работнички загуби од МЗТ Скопје во четвртфиналето со 34 разлика што е еден најубедливите порази на тимот од Градски парк во меѓусебните дуели со својот најголем ривал. Тоа не им се допадна на Сити Парк Бојс кои испратија порака на кошаркарите на следниот меч на домашен терен.

„Проблем не е поразот, проблемот сте вие! По една недела пауза не чека наредно коло против екипата на Тиквеш, каде ќе го истуриме целиот гнев кон сите кој ветуваат резултат а испорачуваат срам.

Мобилизација на секоја генерација, на секој кој некогаш се израдувал на успехот на овој клуб. НИЕ СМЕ РАБОТНИЧКИ А НЕ ТИЕ НА ТЕРЕН!“, објавија Сити Парк Бојс.

 

To top