Кошарка познат кртот во соблекувалната на нба тимот

Расел Вестбрук ја нарушува атмосферата на Денвер Нагетс

Расел Вестбрук ја нарушува атмосферата на Денвер Нагетс

Американските медиуми пишуваат за скандал кој се случил после поразот на Денвер Нагетс во вториот натпревар од серијата со Оклахома Сити Тандер.

Имено, додека тренерот Дејвид Аделман давал изјава за медиумите, во соблекувалната се случила жолчна расправија помеѓу Расел Вестбрук и Арон Гордон.

Повеќе извори тврдат дека инцидентот се случил откако Гордон го обвинил Вестбрук за несериозен пристап на теренот и за „голема незрелост“, на што вториот одговорил агресивно и во тој момент била спречена физичка пресметка.

Двајцата одржале состанок со стручниот штаб и се претпоставува дека „секирите се закопани“, но навивачите забележуваат дека нешто не „штима“ во атмосферата на тимот и се помалку загрижени за епилогот во полуфиналето од плеј-офот.

To top