Кошарка македонски машки кошаркарски шампионат

Пелистер до „мајсторка“ со Работнички, МКК Куманово се пласира во полуфинале

Пелистер до „мајсторка“ со Работнички, МКК Куманово се пласира во полуфинале

Кошаркарите на Пелистер остварија уште една убедлива победа над Работнички (85:67) и израмнија на 2-2 во плејоф серијата во Првата лигата.

„Зелено-белите“ го издржаа притисокот, го одбранија домашниот терен и се изборија за мајсторка која ќе се игра во Скопје. Комплетната петорка на клубот од Битола беше двоцифрена.

МКК Куманово пак ја освои Гевгелија со 82:67 и со 3-1 ја затвори серијата против Кожув.

На мечот доминираше Луковиќ со 25 поени и 13 скока, Радукиќ, Тадиќ и Петровиќ реализираа по 13 кошеви.

Избраниците на Докузовски во полуфиналето ќе се сретнат со актуелниот шампион МЗТ Скопје.

Вилсон со 17 кошеви беше најсветла точка кај поразените.

To top