Кошарка познати сите патници во Абу Даби

Панатинаикос и Монако се пласираа на кошаркарскиот Ф4

Панатинаикос и Монако се пласираа на кошаркарскиот Ф4

Панатинаикос е последниот патник на фајналфор турнирот од Евролигата откако актуелниот европски првак по голема битка славеше над Анадолу Ефес со 3-2 во победи, триумфирајќи во мајсторката на домашен терен со 75-67.

Осман го одигра својот најдобар меч во дресот на ПАО реализирајќи 28 поени и осум скокови, Хуанчо Хернангомез имаше скромни три поени, но и 11 скокови, додека Кендрик Нан го заврши мечот со 12 поени, но и катастрофален шут од поле 4/16. Брајант со 15 и Ларкин со 11 поени беа единствените со двоцифрен ефект во Ефес.

Во една трилер завршница во која важен беше секој напад, Џејмс ги постигна последниот поени кои му донесоа предност на Монако од 85:84, но Барселона не реализираше два напади за победа, од кои последниот беше навистина болен.

Кевин Пантер ја презема одговорноста и реши да го одлучува побендикот како во времето кога ги бранеше боите на Партизан, но Американецот уште еднаш покажа дека знае да биде и голем трагичар во такви ситуации.

Пантер беше неуспешен во обидот за три поени кога имаше и други опции со свои соиграчи, па со своето промашување го најави славјето на играчите на Монако, но и на сите во салата „Санта Медицин“.

Џејмс со 20 поени беше најдобар поединец во Монако и прерасна во вистински херој во пласманот на Ф4, три помалку постигна Папајанис, додека Пантер залудно беше најефикасен кај Барселона со 19 поени.

To top