Кошарка НБА лига

Оклахома со „брејк“ се враќа од Денвер (ВИДЕО)

Оклахома со „брејк“ се враќа од Денвер (ВИДЕО)

Тимот на Денвер Нагетс загуби од Оклахома Сити Тандер со 87-92 во четвртиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција во НБА плеј-офот.

Откако Нагетси победија во Оклахома во вториот натпревар, сега ривалот возврати со брејк и триумфираше во „Бол Арена“ за израмнување на серијата на 2-2.

Никола Јокиќ оствари „дабл-дабл“ ефект со 27 поени и 13 скока (сите скокови беа дефанзивни). Кристијан Браун и Џамал ​​Мареј постигнаа по 17 поени, а Шеј Гилџес-Александар запиша 25 поени за Оклахома Сити Тандер.

To top