Екипата на Оклахома Сити Тандерс го совлада Мемфис Гризлис со 131-80 во првиот натпревар од првото коло на плеј-офот на Западната конференција.
Ендрју Вигинс беше најефикасен со 21 поен и четири скока, Џејлен Вилијамс додаде 20 поени, шест асистенции и пет скока, а Чет Холмгрен имаше 19 поени и 10 скока. На другата страна се истакнаа Марвин Багли со 17 поени и пет скока и Џа Морант со 17 поени и четири асистенции.
Кандидатот за МВП, Шеј Гилгеш-Александер постигна 15 поени и за првпат од ноември не ја надмина границата од 20 постигнати поени, што е неверојатна низа. Вториот натпревар од плеј-оф серијата е закажан за в среда од 1:30 часот исто така во Оклахома.
Предност од 1-0 во осминафиналната плеј-оф серија има Голден Стејт кој направи „брејк“ на гостувањето кај Хјустон славејќи со 85-95 по нов одличен натпревар на Стеф Кари проследен со 31 поен и 6 скокови. Шенгун со 26 поени и 9 скокови беше прво име кај Рокетс.
Предност од 1-0 има и Бостон кој со 103-86 славеше во серијата против Орландо. Прво име на средбата беше Банчеро со 36 поени и 11 скокови, додека во зелените редови блесна Вајт со 30 поени.
Кливленд ја потврди фаворитската улога славејќи со 121-100 против Мајами за предност од 1-0. Мичел со 30 поени и 5 скокови беше лидер на домаќините додека Адебајо со 24 поени и 9 скокови прво име кај гостите.