Српскиот кошаркар Никола Јокиќ потворно беше незадржлив на дуелот против Мајами и успеа да го предводи Денвер до убедлива победа од 133:113.
Српскиот центар мечот го заврши со 24 поени (со одличен шут од поле 9 од 12), 12 скока и 10 асистенции за 17-ти трипл дабл оваа сезона.
Посебно импресивно беше неговото последно додавање за 10 асистенција, кога истрча прв во контра напад, но двајца противнички играчи веќе беа зад него, па тој наместо да шутира, реши без гледање да ја врати топката назад, а Арон Гордон спектакуларно да забие.
Вкупно девет меча се одиграа ноќеска во НБА лигата и тоа: Њујорк – Минесота 99:116, Бостон – Орландо 121:94, Милвоки – Торонто 130:112, Њу Орлеанс – Јута 136:123, Чикаго – Шарлот 123:125, Далас – Оклахома 106:98, Сан Антонио – Мемфис 112:140, ЛА Лејкерс – Бруклин 102:101.
JOKIC IS UNREAL.
— Hoop Central (@TheHoopCentral) January 18, 2025