Кошарка

НБА Ол-стар натпреварот ќе се одржи во 2026 година во формат САД против Остатокот од светот

Раководството на НБА работи на план за одржување на Ол-стар натпреварот 2025/26 година во формат САД против Остатокот од светот, објавија тамошните медиуми. Натпреварот е закажан за 15 февруари 2026 година во Инглвуд, Калифорнија.

Претходно, комесарот на НБА Адам Силвер за „Fox Sports 1“ изјави дека е можен таков формат на средбата.

-Кој подобар начин да се прикаже натпреварот САД против Остатокот од светот? Сè уште не сум сосема сигурен каков формат ќе биде. Сигурно посветив многу внимание на она што го направи НХЛ и тоа беше огромен успех, рече Силвер.

Во 2025 година, наместо традиционалниот Ол-стар натпревар, НХЛ одржа турнир на четири нации во кој учествуваа тимови од Канада, Финска, Шведска и САД.

To top