Кошаркарот на универзитетот Дјук, Купер Флег, ги отстрани сите дилеми околу својата иднина откако објави дека ќе се пријави на претстојниот НБА-драфт.
Флег важи за убедливо најдобар кошаркар од новата американска генерација, тој имаше зад себе импресивна сезона во НЦАА во која беше најдобар во својот тим по бројот на поени, скокови, асистенции, блокади и украдени топки.
Дјук шокантно загуби и остана без трофејот во „мартовското лудило“, но останува фактот дека Флег е суперталент кој би можел да остави силен печат врз најсилната лига во светот.
Тој има 208 сантиметри и природна позиција му е крилен центар, но Купер импресионира со подвижноста, па сезонава за Дјук настапуваше буквално на сите позиции во тимот.