Управниот Одбор на македонската кошаркарска федерација, предложен од страна на претседателот Томе Главчев на изборното собрание на КФМ, ја одржа првата седница, која беше и со конститутивен карактер.
Согласно со предвидениот дневен ред, членовите на Управниот одбор донесоа голем број на одлуки со кои се дефинира понатамошното работење на федерацијата. На премиерната седница, Младен Ѓуроски е именуван за потпретседател, а Томче Стојчевски за нов генерален секретар.
Прифатен беше предлогот како членови на Управниот одбор на КФСМ да бидат именувани Александер Павлов, Никола Митревски, Норик Селими, Савица Неделковска, Драган Иванов и Тане Димовски.
Како членови по автоматизам беа прифатени Боро Смилковски, претставник од Прва лига – мажи, Јордан Цветановски, претставник од Прва лига – жени, Благоја Кечовски, претставник од Втора лига – мажи, Владимир Свртинов, претставник од Трета лига – мажи, Владимир Огњановски, претставник од младински лиги и Александар Јончевски, како претставник од Здружението на кошаркарски тренери на Македонија.