Дисциплинската комисија при АБА лигата му изреча казна на Милош Теодосиќ за инцидентот и исклучувањето кое го имаше искусниот плејмејкер на натпрварот против Игокеа во Лакташи, натпревар на кој кошаркаркот на Црвена Звезда имаше помрачување во завршницата.
Поради опомената која ја имаше од првиот дел од сезоната и повторување на слично однесување во оваа фаза од регионалното натпреварување, беше јасно дека Теодосиќ ќе добие казна од најмалку три натпревари, но АБА лигата одлучи да му врачи и парична казна.
Покрај трите натпревари неиграње, Милош ќе мора да исплати казна од 10 илјади евра во касата на АБА лигата, нешто што сигурно ќе го има во глава следниот пат кога ќе биде бесен на судиите.
Оваа пресуда значи дека Теодосиќ ќе ја пропушти цела полуфинална серија против Будуќност, а ако Звезда победи со 2:0, Милош нема да игра и во првиот меч од финалето во АБА лигата.