Кошарка

Македонските кошаркарки со пораз од Украина ги завршија квалификациите за Евробаскет 2025

Македонските кошаркарки со пораз од Украина ги завршија квалификациите за Евробаскет 2025

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа болен пораз од Украина од 74:72 во последниот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП.

Нашите кошаркарки го одиграа најдобриот натпревар во овој циклус и беа многу блиску и до победата затоа што на 55 секунди до крајот водевме со 72:71 по тројката на Митрашиновиќ.

Меѓутоа потоа не реализиравме до крајот, имавме неуспешно обиди на Николиќ и Митрашиновиќ, додека Украинките погодија три од четирите слободни и се израдуваа на триумф во Рига.

Капитенот Митрашиновиќ со 33 поени, 7 скока и 7 асистенции беше најдобар наш поединец.

To top