Кошарка македонска машка кошаркарска репрезентација

Македонија во август ќе гостува во Шолнок и Орадеа

Македонија во август ќе гостува во Шолнок и Орадеа

Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе игра против  Унгарија и Романија во август во рамките на претквалификациите за Мундобаскетот кој ќе се одржи во 2027 година.

Првиот натпревар нашиот национален тим го игра дома против Романија, а потоа гостува кај Унгарците.

Националната федерација на Унгарија и официјално потврди дека натпреварот од претквалификациите, на кој се во улога на домаќини против нашиот сениорски национален тим, ќе се игра во градот Шолнок во салата „Тицалигети“.

Во третото коло одново следува гостување и тоа на 13 август во Романија. Домаќинот го одреди градот Орадеа како база во која ќе ја дочека Македонија.

Крајот на претквалификациите Македонија ќе го одигра дома против Унгарија на 20 август.

To top