НБА тимот Лос Анџелес Лејкерс доби нов сопственик, а вредноста на зделката се проценува на 10 милијарди долари.
Семејството Бас се согласи да го продаде својот мнозински сопственички пакет и да ја предаде славната франшиза на милијардерот, сопственикот на ЛА Доџерс, Марк Волтон.
Волтон и групата инвеститори што ги собра за оваа пригода ќе му платат на семејството Бас десет милијарди долари за 66 проценти од сопственоста на најпознатата НБА франшиза, што приближно значи дека вистинската цена на Лејкерс е цели 15 милијарди долари. Џини Бас ќе остане гувернер на Лејкерси дури и по продажбата.
Ова значи дека семејството Бас нема да биде мнозински сопственик на Лејкерси за прв пат од 1979 година, кога Џери Бас ја купи франшизата од Џек Кент Кук за 67,5 милиони долари.