Кошаркарите на Ефес го совладаа Панатинаикос во вториот натпревар од четвртфиналната серија од плејофот во Евролигата со резултат 79:76 и го изедначи резултатот во серијата на 1:1.
Панатинаикос, водеше 39 поени, во текот на натпреварот два пати имае 15 поени предност, во решавачката четврина влезе со предност од 10 поени, но не успеа да победи.
Во таа серија се истакна плејмејкерот на Ефес, Шејн Ларкин, кој во последната минута постигна седум поени, вклучувајќи ја и тројката за првото водство на Ефес 76:73.
Панатинаикос имаше напад за продолженија, но Кендрик Нан беше непрецизен. Ларкин натпреварот го заврши со 20 поени, пет асистенции и три скока, Пи Џеј Дожер постигна 14, а Венсан Поаире забележа дабл-дабл со 16 поени и 10 скока.
Нјефикасен кај ПАО беше Чеди Осман со 16 поени, Нан забележа 14 поени и шест асистенции. Третиот натпревар се игра во Истанбул на 29. април.
Фенербахче го победи Париз со 89:72. Најефикасен во победничкиот тим беше Тарик Биберовиќ со 20 поени (4/4 за два), Најџел Хејс-Дејвис постигна 16 поени, а Марко Гудуриќ 13.
На спротивната страна единствен расположен беше Ти Џеј Шорц со 18 поени, Надир Ифи имаше 15 поени (6/17 од поле), а Тајсон Варди 10 поени. Третиот натпревар е закажан за 29 април во Париз.