Кошарка НБА лига

Голден Стејт остана без првиот кошаркар за битките со Минесота

Голден Стејт остана без првиот кошаркар за битките со Минесота

Тимот на Голден Стејт Вориорс успеа да слави над Минесота Тимбервулвс на отварањето на оваа полуфинална серија на Западот, но оваа средба донесе и една лоша вест за клубот од Сан Франциско.

Тоа е повредата на најдобриот играч, моторот на екипата Стеф Кари кој беше активен само 13 минути за кои уфрли 13 поени. Тој не можеше да продолжи и стана јасно дека повредата не е наивна што и се потврди по деталните медицински прегледи.

Имено плејмејкерот има проблем со мускулот и ќе биде во аут најмалку една недела или поточно по тој период ќе има нови тестирања. Ова значи дека Кари ќе пропушти најмалку три натпревари од оваа серија што е голем удар на поранешниот НБА шампион.

To top