Кошарка

ФИБА во контрола на Скопје пред кадетскиот кошаркарски шампионат

ФИБА во контрола на Скопје пред кадетскиот кошаркарски шампионат

Претставници од канцеларијата на ФИБА, делот задолжен за Стариот Континент, денеска беа во посета на Скопје, каде во период од 7. август до 16. август ќе се одигра кадетскиот шампионат за кошаркари до 16 години (дивизија Б).

Целта на претставниците на ФИБА Европа односно Ана Саторе, од одделот за натпреварувања на ФИБА Европа и Нина Башовиќ – ФИБА технички делегат, беше проверка на инфраструктурата.

Гостите во нашата земја ги проверија објектите и спортските сали во нашиот главен град каде ќе престојуваат и ќе се натпреваруваат 22 репрезентации од Европа, вклучувајќи ја и нашата национална селекција.

To top