Кошарка најелитното друштво по возвраќа ударот

Евролигата подготвува драконска казна за претседател на Панатинаикос

Евролигата подготвува драконска казна за претседател на Панатинаикос

Дисциплинската комисија на Евролигата поведе постапка против претседателот на Панатинаикос, Дмитрис Јанакопулос, кој жестоко ги критикуваше судиите и челните лица на ова натпреварување.

Ова не e првпат Јанакопулос да влезе во вербален дуел со Евролигата, а сезонава тоа го стори во неколку наврати, по што челниците решија да покренат постапка која може да доведе до нова казна и сакнција за првиот човек на „детелинките“.

Јанакопулос со неколку видеа се обрати до судиите и ги нарекуваше „криминалци“ и „мафијаши“, а сега ќе мора да се соочи со евентуална нова казна и дисциплинска мерка против него.

На крајот на месец март беше казнет со сума од 15,000 евра, а во 2022 година му беше изречена казна во висина од дури 80.000 евра.

To top