Џанан Муса дефинитивно ќе го напушти Реал Мадрид по три сезони и својата кариера ќе ја продолжи во редовите на Дубаи.
Како што објави „Телеспорт“, потпишан е тригодишен договор помеѓу репрезентативецот на Босна и Херцеговина и клубот од Обединетите Арапски Емирати што се натпреварува во АБА лигата.
Муса ќе заработи околу десет милиони евра за трите сезони во Дубаи. Така, тој ќе го напушти Реал по три години и ќе се приклучи на тимот на чија клупа седи Јурица Големац.