Пред извесно време се најавуваше дека Дубаи ќе биде новиот клуб на Муса, но последните информации говорат дека овој трансфер сепак нема да се реализира.
Имено, раководството на Дубаи изразило сомнеж дека Муса навистина вреди 10 милиони евра за тригодишен договор, во меѓувреме ја намалило понудата, по што преговорите се стопирани.
Партизан е клубот што сега е во водство во трката по крилниот кошаркар. „Црно-белите“ уште пред неколку месеци испратија понуда од два милиони евра по сезона за Муса, тогаш таа понуда беше индиферентна во однос на онаа на Дубаи, но сега кога клубот од Истокот се повлече,
Партизан се обидува да ги финишира преговорите и да го договори Муса како клучно засилување за наредната сезона.