Кошарка НБА лига

Дрејмонд Грин казнет

Дрејмонд Грин казнет

Кошаркарите на Минесота брзаа да го елиминираат Голден стејт во што е можно помалку натпревари, бидејќи најдобриот играч на тимот, Стеф Кари, се враќаше дури во шестиот дел, па може да се каже дека направија фантастичен потег кој можеби заврши една голема династија.

Најдобриот клуб во последната деценија веројатно нема да освои уште еден прстен со Дрејмонд Грин (35) и Стеф Кари (37), и најверојатно ќе застане на четири – во 2015, 2017, 2018 и 2022 година.

Инаку, покрај елиминацијата, Голден стејт има нови маки. Имено, НБА го казни Дрејмонд Грин поради давање несоодветни коментари со кои се доведува во прашање интегритетот на судиите.

Грин овие коментари ги пласираше за време на третиот натпревар од полуфиналната плејоф серија на Западната конференција против Минесота, кој неговиот тим го загуби со 97:102.

Добро познатиот НБА инсајдер и новинар на „ЕСПН“, Шамс Чаранија, изјави дека Грин бил казнет затоа што се обидел да ги мотивира своите соиграчи 15 секунди пред крајот на натпреварот, кога заостанувале со 94:102, кажувајќи им дека „хендикепот“ е 5,5. Крилниот играч на „воините“, Џонатан Куминга, кратко потоа погоди тројка, со што им донесе на „воините“ водство од пет поени и го „покри“ хендикепот.

To top