Кошаркарската репрезентација на Србија денеска го забележа и вториот триумф на Мундобаскет 2019 во Кина над Филипини со 126:67.
На тој начин со новата победа најдобрите српските кошаркари го очекуваат дербито во групата Д против селекцијата на Италија.
Ѓорѓевиќ им даде минутажа на сите кошаркари во ростерот, а на крај како најефикасен средбата ја заврши Немања Бјелица со 20 поени и 100% реализација на шут од сите позиции, што преставува дополнителен куриозитет на мечот. Бјелица биеше 4/4 од поле, 3/3 за три поени и 3/3 од линијата за слободни фрлања.
Но тој не беше единствениот кој имаше 100% реализација. Сличен ефект остварија и Симоновиќ, Милутинов и Јокиќ.