среда, 24. февруари 2021. Вести денес: 115
home Кошарка

Засилување на бековската позиција во КК Работнички

Засилување на бековската позиција во КК Работнички

Кошаркарскиот тим на скопски Работнички, се засилува пред продолжение од сезоната. Нов кошаркар е 32-годишниот Мирко Мулалиќ од Словенија кој настапува на бековската позиција.

Работнички остана без Вашингтон, па мораше да најде замена. Мулалиќ доаѓа како слободен кошаркар, а последен пат го носеше дресот на Цедевита Олимпија.

Мулалиќ настапуваше за Балкан, Приморска, Крка, Хопси, Гросупље, Велике Лашче, Геоплин Слован, ТЦГ Меркатор и Триглав.

 

Коронавирус