сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Кошарка

Зарем е можно ова: Лука Дончиќ потпишува спонзорски договор вреден – милијарда долари?!

Зарем е можно ова: Лука Дончиќ потпишува спонзорски договор вреден – милијарда долари?!

Словенечкото чудо од дете, Лука Дончиќ, со само 23 години се наметнува како еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата во моментов и тоа во својата втора сезона во најсилната лига во светот, поради што не зачудува што за него се „тепаат“ сите најпознати фирми за производство на спортска опрема.

Во моментов најблиску до спонзорски договор со кошаркарот на Далас маверикс е компанијата „Андер армор“, која во последно време најмногу „флертува“ со младиот ас. Овој спортски бренд во Дончиќ гледа идеална личност за заштитно лице при обидот целосно да се освои европскиот пазар, каде што во моментов многу каскаат во однос на конкурентите. Според медиумите од неговата матична земја, првите луѓе на „Андер армор“ подготвуваат нестварна понуда од околу милијарда евра, секако за договор со Словенецот кој би траел најмалку една деценија.

Оваа сума делува огромна со оглед што Дончиќ сѐ уште нема освоено ништо во НБА, но ако договорот се оствари тој би влегол во друштво на најголемите спортски величини како Мајкл Џордан, Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо и Роже Федерер, кои заработуваат најмногу од ваков вид спонзорство.

Убедливо најплатен е легендарниот Џордан, кој само во 2019 година ќе заработи скоро 200 милиони долари од договорот со „Најк“.