вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 51
Во живо

Изјава на Христијан Мицкоски од Штип

home Кошарка

Забивањето на Марканен преку Јокиќ е потег на денот, Денвер загуби од Кливленд (Видео)

Забивањето на Марканен преку Јокиќ е потег на денот, Денвер загуби од Кливленд (Видео)

Американските медиуми ќе му посветуваат уште повеќе внимание сезонава на актуелниот МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ, а новиот натпреварувачки ден донесе потег во кој настрада токму српскиот кошаркар.

Јокиќ му се најде на патот на Финецот Лаури Марканен, кој не се откажа од атрактивно забивање и го „стави на постер“ српскиот кошаркар, а неговиот потег стана вирален на социјалните мрежи.

На крајот Денвер загуби на домашен терен од Кливленд (87:99), Марканен реализираше 12 поени, додека Јокиќ вообичаено беше најдобар поединец во својот тим, завршувајќи го дуелот со 24 поени и 19 скокови.

Откако го победи Бруклин, Шарлот беше блиску до продолжување на серијата против Бостон, но го загуби натпреварот по продолжение (129:140). Тејтум со 41 и Браун со 30 поени се истакнаа во победничката екипа.

Перфектниот учинок го задржа Чикаго, кој утринава победи против Торонто (108:111) и има четири победи од исто толку натпревари. ДеРозан со 26 и ЛаВин со 22 поени биле најзаслужни за новиот триумф на Булс, кој немаа ваков почеток на сезоната уште од времето на Мајкл Џордан.

Шарлот-Бостон 129-140 (п)
Индијана-Милвоки 109-119
Атланта-Детроит 122-104
Бруклин-Вашингтон 104-90
Мајами-Орландо 107-90
Торонто-Чикаго 108-111
Минесота-Њу Орлеанс 98-107
Денвер-Кливленд 87-99
Л.А Клиперс-Портланд 116-86

Коронавирус