Кошаркарот на Феникс Санс, Ајзеа Канан, во налет против екипата на Далас, беше фаулиран и доживеа повреда која е ноќна мора за било кој спортист.
Тој прво имаше лош пад од кошот, згазна лошо и стапалото “летна“ на другата страна.
Шокот беше голем и за играчите на двата тима и за публиката која остана во шок.
Несреќниот кошаркар заработи страотна скршеница на левата нога, која потсетува на тоа што му се случи на Гордон Хејворд на стартот од новата сезона во НБА лигата.