петок, 4. декември 2020. Вести денес: 162
home Кошарка

Војдан Стојановски потпиша за германски Олденбург

Војдан Стојановски потпиша за германски Олденбург

Репрезентативецот на Македонија, Војдан Стојановски потпиша договор со германскиот прволигаш Олденбург, соопштија официјално од клубот.

За нашиот кошаркар првенството е познато, бидејќи од 2013 до 2015-та година настапуваше во дресот на Алба, со кого го освои Купот на Германија.

– Војдан ќе биде големо засилување. Тој е играч со голема кошаркарска интелигенција, кој секогаш е посветен на тимската работа, изјави по повод потпишувањето на договорот тренерот на Олденбург, Младен Дријенчиќ.

Претходно 30-годишниот Стојановски настапуваше една година во Турција во дресот на Бујукчекмече. Во Шпанија во Ендеса лигата бекот го носеше дресот на Андора и на Бетис, а во Украина за Доњецк.

Коронавирус