недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 83
home Кошарка

Војдан Стојановски го смени По Ортез со Гравелин Данкерк

Војдан Стојановски го смени По Ортез со Гравелин Данкерк

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Војдан Стојановски по неполни два месеца поминати во По Ортез, потпиша договор со Гравелин Данкерк.

Важноста на договорот е до крајот на сезоната.

Стојановски го пропушти стартот на сезоната и самостојно тренираше во Скопје, но по одличните изданија во По Ортез, го привлече вниманието на Гравелин Данкерк.

Новиот клуб на Стојановски очекува со ангажманот на Македонецот да успее во целта  која е опстанок во најквалитетната кошаркарска лига во Франција.